Ноќеска околу 02:50 часот, во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари, 39-годишна жена била нападната со остар предмет од нејзиниот вонбрачен партнер, 53-годишниот Д.М. од Скопје, додека спиела.
Жената се здобила со повреди и веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување и документирање на случајот.