ПРВ.мк
Свет

Над половина Полјаци не би ја бранеле земјата: Анкетата отвори аларм за безбедноста!

Над половина Полјаци не би ја бранеле земјата: Анкетата отвори аларм за безбедноста!

Според последната анкета, 57% од Полјаците изјавиле дека „немаат намера да се вклучат“ во одбраната на својата земја во случај на војна, додека само 26% рекле дека би биле подготвени да се приклучат на армијата или да учествуваат на друг начин. Дополнителни 17% не знаеле како да одговорат, објави Полсат.

Авторите на статијата нагласуваат дека причините за одбивањето можат да бидат различни, а во случај на реална војна многумина можеби ќе го променат својот став.

Анкетата доаѓа во контекст на неодамнешни инциденти со руски дронови кои ја нарушиле полскиот воздушен простор ноќта помеѓу 9 и 10 септември. Вкупно 16 дронови биле откриени во неколку војводства, од кои повеќето биле мамки – невооружени летала користени за привлекување на вниманието на системите за воздушна одбрана. Авионите на НАТО ги соборувале оние што претставувале закана.

Анкетата била спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење на 10 и 11 септември 2025 година на репрезентативен примерок од 1.020 возрасни Полјаци. Максималната грешка во проценката изнесува околу 3%.

Овој податок предизвикува дебата за безбедноста на Полска, особено по последните случувања со масовното нарушување на воздушниот простор од страна на руски беспилотни летала.

Escape