На 13 септември 2025 година, околу 14:00 часот, на крстосницата од бул. „Партизански Одреди“, ул. „Лондонска“ и ул. „Манапо“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „БМВ“, управувано од 48-годишниот Ј.Ј. од Скопје, и 14-годишно дете на велосипед.
Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во приватна болница во Скопје, каде му била укажана итна медицинска помош.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје за утврдување на причините и околностите на трагедијата.