ПРВ.мк
Култура

Министерот Љутков: Ги градиме темелите на културата – за твоето време што доаѓа!

Министерот Љутков: Ги градиме темелите на културата – за твоето време што доаѓа!
Escape

Во само една година, македонската култура се врати во фокусот – со над 2.500 поддржани проекти, нови инвестиции, обновени институции и силна меѓународна промоција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков најавува нова фаза за културниот развој на Македонија.

Министерот Љутков во свое јавно обраќање истакна дека иако една година можеби не изгледа како доволно време за големи промени, со вистинска стратегија, тимска работа и искрена посветеност – промените се видливи и реални.

„Велат дека една година е мал период за големи успеси. Но, ако во 365 дена реализирате стотици проекти, решите десетици проблеми наследени од претходните, ако по македонската култура светот повторно не препознава – тогаш не сме направиле малку“, изјави Љутков.

Културата се враќа во фокусот

Министерот Љутков потенцираше дека културата повторно има заслужено место во јавниот живот. Граѓаните веќе ја препознаваат разликата во квалитетот и достапноста на културните содржини.

„Ги градиме темелите на промените – за твоето време кое доаѓа! Ова е почеток на нова културна ера во која уметноста ќе биде вреднувана, културното наследство ќе биде зачувано, а младите генерации ќе имаат причина да се гордеат со својата држава“, заврши министерот.

➡️ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛОТО ВИДЕО ТУКА

Mia Home Mavrovo