ПРВ.мк
Култура

Љутков на филмскиот сет: Зад камерите на 'Човек против јато' во село Три Чешми

Љутков на филмскиот сет: Зад камерите на 'Човек против јато' во село Три Чешми
Escape

Денес во село Три Чешми, Општина Штип заедно со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Агенција за филм, Сашко Мицевски го посетивме снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм „Човек против јато“, по сценарио и во режија на нашата режисерка со две номинации за Оскар и добитничка на награди на престижниот фестивал Санденс, Тамара Котевска.

Режисерката Котевска не информираше дека „Човек против јато“ е долгометражен игран филм кој го прикажува конфликтот помеѓу традицијата и модернизацијата, отпорот и прифаќањето на промените и прашањето што навистина значи да го сочуваш својот идентитет во свет што е подготвен да продаде сè во име на профит.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм и Министерството за култура и туризам заедно со филмските центри на Грција, Србија, Хрватска,Турција, Црна Гора и најголемиот европски фонд Еуроимаж. Поддршката е значајна за развојот на нашата кинематографија и за создавање содржини кои се со важни општествени теми. Со задоволство гледам како овој проект се создава, и со нетрпение очекувам време кога публиката ќе може да го види резултатот на трудот и креативноста на целиот тим.

Mia Home Mavrovo