ПРВ.мк
Спорт

(ФОТО) Солзи и тага пред Енфилд: Последно збогување со Диого Жота и неговиот брат Андре

(ФОТО) Солзи и тага пред Енфилд: Последно збогување со Диого Жота и неговиот брат Андре
Escape

Фудбалскиот свет денес застана во тишина – со солзи, скршени срца и последен поздрав, семејството, пријателите и илјадници навивачи се простија од трагично загинатиот Диого Жота и неговиот брат Андре.

Погребната церемонија беше исполнета со длабоки емоции. На неа присуствуваа сите соиграчи од Ливерпул, дел од португалската репрезентација, фудбалери од Евертон, поранешни соиграчи од Вулверхемптон, како и личности од целиот фудбалски свет.

Надвор од стадионот Енфилд, се собраа стотици навивачи, со знамиња, шалови и пораки на љубов и благодарност. Меѓу нив и навивачи од спротивните табори – што уште еднаш ја покажа големината на Жота, не само како фудбалер, туку и како човек.

Неговото заминување остави голема празнина. Двајцата браќа загинаа прерано, оставајќи зад себе неизмерна болка кај семејството и спортската заедница.

Нека почиваат во мир.

Mia Home Mavrovo