ПРВ.мк
Спорт

(Видео) Донарума со солзи по ужасната повреда на Мусиала a ПСЖ со двајца играчи помалку го победи Баерн

(Видео)  Донарума со солзи по ужасната повреда на Мусиала a ПСЖ со двајца играчи помалку го победи Баерн
Escape

ПСЖ избори место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД, откако со 2:0 го победи Баерн Минхен во третиот четвртфинален натпревар. Иако тимот го заврши со двајца играчи помалку, ПСЖ успеа да го контролира резултатот.

Во 78.минута Десире Дуе донесе водство, а во последните минути од натпреварот следуваа исклучувања – прво Пачо во 83.минута, а потоа и Лукас Ернандес во 92.минута. Точка на победата стави Услам Дембеле во 96.минута.

ПСЖ сега ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во полуфиналето.

Подолу е моментот од повредата на Мусиала.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo