ПРВ.мк
Македонија

Мајка пријавила: Исчезна 14-годишно девојче, полицијата трага по неа

Мајка пријавила: Исчезна 14-годишно девојче, полицијата трага по неа
Escape

Четиринаесетгодишно девојче од Куманово е пријавено за исчезнато, откако синоќа не се вратило дома, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според информациите, во 22:45 часот на 4 јули 2025 година, мајката на девојчето, С.Ј. (40), поднела пријава во полиција дека нејзината ќерка се оддалечила од домот и не се вратила.

Полицијата веднаш започнала со преземање мерки за нејзино пронаоѓање, а засега нема дополнителни детали околу околностите на исчезнувањето.

Од МВР апелираат сите граѓани кои имаат информации поврзани со девојчето да се јават во најблиската полициска станица или на бројот 192.

Mia Home Mavrovo