ПРВ.мк
Македонија

Пожар во фабрика за оружје во Македонски Брод: Гореше хала со хемикалии

Пожар во фабрика за оружје во Македонски Брод: Гореше хала со хемикалии
Escape

Во населбата Самоков во Македонски Брод избувна пожар во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“. Пожарот го зафати магацин или хала каде се чуваат хемикалии.

Територијалната противпожарна единица од Македонски Брод веднаш интервенираше со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Електричната енергија во фабриката е исклучена заради безбедност.

Информациите се уште се собираат, а пожарникарите работат на локализирање и гаснење на огнот. Следуваат дополнителни детали.

Mia Home Mavrovo