ПРВ.мк
Македонија

Пеколна жега и грмотевици вечерва – дали конечно доаѓа спас од горештините?

Пеколна жега и грмотевици вечерва – дали конечно доаѓа спас од горештините?
Escape

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, со пороен дожд и грмежи, а на некои места и краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со слаба до умерена нестабилна облачност попладне и ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

До вторник ќе продолжи топлото време, а дневните температури ќе достигнуваат локално и над 40°C.

Локални нестабилности ќе има и во првите два дена од следната недела, со умерен, а во западните делови и засилен ветер од југозапад. Во среда и четврток ветерот ќе сменува на засилен северен, што ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. Во северните региони во среда се очекуваат и локални дождови.

Mia Home Mavrovo