Воведувањето забрана за користење паметни телефони во училниците во Холандија, и покрај првичните протести и стравувања, доведе до значително подобрување на условите за учење, покажува најновата студија. Од јануари 2024 година, речиси сите средни училишта ја прифатија мерката која ги забранува телефоните за време на наставата, јавува Гардијан.
Според податоците пренесени од Танјуг, околу две третини од училиштата побарале од учениците да ги оставаат телефоните дома или да ги оставаат во училишните шкафчиња. Истражувањето, кое го нарачала холандската влада, откри дека 75% од учениците се подобро фокусираат без своите телефони, 59% забележале подобрување во социјалната атмосфера, а 28% бележат подобри училишни резултати.
Александар Крепел од Институтот Констам посочува дека најголема промена има во меѓучовечката интеракција меѓу учениците. „За време на паузите, учениците порано ги користеа телефоните, а сега повеќе комуницираат меѓусебно“, рече тој, додавајќи дека и наставниците се задоволни од промените.
Фреја Сиксма, портпаролка на Советот за средно образование, истакна дека иако на почетокот имало многу прашања и протести, сега реакциите се позитивни и сите се задоволни од резултатите.
Министерката за образование, Мариел Пол, објасни дека новите правила помогнале во дисциплината на часовите и сега не постои дискусија околу забраната на мобилните телефони, што порано беше проблем.
Според статистиката на Холандија, речиси 96% од децата секојдневно користат интернет, најчесто преку мобилни телефони. Минатата година холандската влада ги советуваше родителите да ги