Зголеменото ниво на Холестерол често поминува незабележано, без јасни симптоми, но може сериозно да го зголеми ризикот од Срцев удар и Мозочен удар. Според експертите, клучна улога во неговото контролирање има начинот на исхрана, а посебно се издвојуваат јаткастите плодови.
Кардиолозите, меѓу кои и Алан Голдберг, нагласуваат дека не е потребно да се јаде помалку, туку да се избира поквалитетна храна. Неговиот колега Џон Хигинс додава дека умерена дневна количина ореви или бадеми може да има значително позитивно влијание врз кардиоваскуларното здравје.
Ореви се богати со незаситени масти, растителни влакна и антиоксиданти, кои придонесуваат за намалување на ЛДЛ, односно „лошиот“ холестерол. Покрај тоа, тие можат да помогнат во намалување на воспаленијата во организмот, спречување на создавање наслаги во артериите и подобрување на функцијата на срцето и крвните садови.
Истражување објавено во The American Journal of Clinical Nutrition покажува дека луѓето кои редовно консумираат ореви имаат пониски вредности на холестерол.
Експертите препорачуваат дневен внес од околу 30 грама, бидејќи прекумерната количина може да доведе до зголемен внес на калории. Оревите лесно може да се комбинираат со овес, јогурт или свежо овошје, додека како дополнителен избор се препорачува и темна чоколада – но во умерени количини.
Иако не постои едноставно решение, малите и конзистентни промени во исхраната можат значително да го подобрат здравјето на долг рок.








