ПРВ.мк
Црна Хроника

АЛАРМ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Две деца завршија со тешки повреди на тротинети! - Еве и каде

АЛАРМ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Две деца завршија со тешки повреди на тротинети! - Еве и каде

Во последното деноноќие се случиле два одвоени инциденти во кои сериозно настрадале двајца малолетници кои управувале електрични тротинети, во Неготино и Кичево.

Првиот случај е регистриран во Неготино, каде 16-годишно момче, возејќи електричен тротинет, паднало на коловозот на крстосница меѓу улиците „Климентова“ и „Дојранска“. Во падот, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци. За настанот бил известен и јавен обвинител, а полицијата извршила увид.

Вториот инцидент се случил во кичевското село Зајас, на локален пат кон „Нова населба“, каде дошло до судир меѓу патничко возило и електричен тротинет. Тротинетот го управувал 15-годишник, кој при судирот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.

И во овој случај, надлежните органи биле веднаш известени, а увид на местото извршиле полициски екипи.

Двата настани се случиле во ист ден, што повторно го отвора прашањето за безбедноста на електричните тротинети, особено кога ги управуваат малолетници.