Шокантна сцена се случи во воздухот кога мал авион „Cessna 172“ се судрил со параглајдеристка за време на лет, во инцидент кој можел да заврши трагично.
Несреќата се случила во сабота, а во неа учествувале авион и млада параглајдеристка од Австрија. И покрај екстремно опасната ситуација, чудо е што и двајцата – и девојката и пилотот – преживеале без фатални последици.
Она што го шокира светот е видеото од настанот, на кое се гледа како параглајдеристката реагира неверојатно смирено во момент на директна опасност. Наместо паника, таа успева да ја задржи контролата, го активира својот падобран и безбедно се спушта кон земјата.
Во меѓувреме, авионот „Cessna 172“ продолжил со летот и безбедно слетал на аеродром, што дополнително го прави целиот инцидент уште поневеројатен.
Експертите велат дека ваквите судири во воздух се исклучително ретки, но истовремено и многу опасни, па преживувањето на двајцата учесници се смета за вистинска среќа и брза реакција.
Видеото од моментот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде многумина ја пофалија ладнокрвноста на параглајдеристката и нејзината неверојатна способност да реагира под притисок.








