Во тешка сообраќајна несреќа што се случила на 4 јули околу 11:20 часот во селото Петровец, скопско, сериозно е повреден 50-годишен мотоциклист откако се судрил со автомобил марка „Мерцедес“, управуван од 75-годишна жена од селото Мралино, информира МВР.
Несреќата се случила на улицата „1“ во селото, а мотоциклот од марката „Хамачи“, со скопски регистарски ознаки, го управувал А.М. од Петровец. По судирот, тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, која ги истражува причините за несреќата.