ПРВ.мк
Црна Хроника

Тројца мртви, меѓу нив и Македонец: 19-годишник со автомобил влета во летна тераса во Бугарија

Тројца мртви, меѓу нив и Македонец: 19-годишник со автомобил влета во летна тераса во Бугарија
Escape

Во стравична ноќна несреќа во Разград, североисточна Бугарија, животите ги загубија тројца луѓе – меѓу нив и државјанин на Македонија – откако автомобил управуван од 19-годишно момче удрил директно во масите на летна тераса пред угостителски објект.

Несреќата се случила нешто по 1:30 часот по полноќ на улицата „Грнчарска“. Според бугарската Нова ТВ, возилото, управувано од младиот возач, излетало од коловозот и удрило во тројца гости кои седеле на маса на аголот од терасата. Загинатите се на возраст од 64, 52 и 68 години. Еден од нив е македонски државјанин со постојан престој во Бугарија.

Се претпоставува дека несреќата се случила кога 19-годишниот, во обид да претекне друго возило, со едното тркало влегол во локва со дождовница, изгубил контрола и завршил меѓу масите, буквално "заглавувајќи" ги жртвите помеѓу неговото и паркирано возило.

Окружниот обвинител на Разград изјави дека жртвите биле немоќни да реагираат, а ударот бил толку силен што смртта настапила веднаш.

Возачот, кој возел автомобил на неговиот татко и имал возачка дозвола само околу една година, бил тестиран на алкохол и дрога, но првичните резултати биле негативни. Сепак, земени се примероци за понатамошни анализи.

Тинејџерот најпрво бил задржан во притвор 24 часа, но откако случајот доби сериозна правна квалификација, притворот му бил продолжен на 72 часа. Бугарските власти водат истрага за тешко сообраќајно дело со смртни последици.

Mia Home Mavrovo