Русија изврши еден од најмасовните напади врз Киев досега, користејќи над 550 ракети и дронови, од кои дел успешно ја пробија украинската воздушна одбрана. Сѐ почесто, „Патриот“ системите молчат, а Киев алармира дека без нови испораки – небото станува незаштитено.
Во исто време, руската армија напредува на терен. Освојувањето на селото Мелове, иако мало, го отвора патот кон клучните градови во регионот Харков. Се подготвува изолација на Констатиновка и Покровское, а воено гледано – тоа би можел да биде предворие на одлучувачкиот удар.
Преговорите? Запнале. Путин не попушта, Трамп е фрустриран, а Зеленски останува без гаранции за ново оружје. Кремљ сѐ повеќе се потпира на Кина, чија порака беше јасна: „Не можеме да дозволиме пораз на Русија.“
Истовремено, внатрешниот отпор во САД расте, а американските резерви на ракети се при крај. Ако ова темпо продолжи, Украина ќе се соочи со пресудни месеци, а Русија верува дека есента ќе донесе капитулација или отстапки.
Се поставува прашањето: дали светот гледа на последните недели од најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна – или само на уште една фаза од крвавиот ќорсокак?