ПРВ.мк
Скопје

Два напади врз полуматуранти во Скопје за помалку од 4 часа – малолетници нападнати од врсници

Два напади врз полуматуранти во Скопје за помалку од 4 часа – малолетници нападнати од врсници
Escape

Во Скопје на 5 јули пријавени се два одделни инциденти каде малолетници биле физички нападнати од повеќе врсници, во различни делови на градот.

Во првиот случај, околу 18 часот во близина на Бит Пазар, 15-годишен малолетник бил нападнат од тројца негови врсници, при што еден од напаѓачите употребил тврд предмет, според пријавата поднесена од мајката, Ф.Б.

Во вториот инцидент, околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во општина Центар, 14-годишен малолетник бил нападнат од неколку други малолетници, пријавено од неговиот татко, В.Д.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на двата случаи и обезбедување на безбедноста на децата.

Mia Home Mavrovo