ПРВ.мк
Скопје

Трагедија во Скопје: Малолетник со мотор тешко повреден по судар со автомобил

Трагедија во Скопје: Малолетник со мотор тешко повреден по судар со автомобил

Во скопската населба Радишани вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на бензинска пумпа, при што 15-годишно момче со мотор се здобило со сериозни повреди.

Првичните информации укажуваат дека автомобил удрил во моторот кој го управувал малолетникот, по што тој паднал на земја, а моторот бил целосно уништен. Очевидци сведочат дека повредите биле тешки и веднаш била повикана Брза помош која го пренела детето во болница.

Во моментов нема официјални детали за здравствената состојба на момчето, но сведоци опишуваат драматична сцена и голема вознемиреност кај присутните.

Escape