ПРВ.мк
Црна Хроника

Експлозија во Белград: Македонецот чувал 1.5 кг експлозив – детали од истрагата ја шокираа јавноста!

Експлозија во Белград: Македонецот чувал 1.5 кг експлозив – детали од истрагата ја шокираа јавноста!

Белградските медиуми објавија нови шокантни детали за трагичната експлозија во која на 1 октомври загина 21-годишниот Македонец Мартин Сипковски. Според информациите, во изнајмениот стан на улица Косовска, каде што дошло до детонацијата, бил пронајден околу 1,5 килограми експлозивен материјал „Пентрит“, еден од најмоќните експлозиви воопшто.

Идентитетот на Сипковски бил потврден по анализа на ДНК и размена на податоци меѓу македонската и српската полиција. Истражителите во Белград тврдат дека експлозивот најверојатно бил наменет за ликвидација на членови на криминална група од Нов Белград, но Сипковски загинал при непрофесионално ракување со материјалот.

Српските медиуми наведуваат дека Мартин им бил познат на органите на прогонот и имал криминално досие, иако во Македонија бил претставуван како млад модел и студент по менаџмент. Минатата година се појави во медиумите како „првиот Македонец што потпишал договор со модна агенција во Истанбул“, а пред тоа бил ракометар на „Вардар“.

Експлозијата целосно го уништи станот во кој се наоѓал, како и два соседни апартмани. Полицијата уапсила 26-годишен белграѓанец, Филип В., кој се сомничи дека му го предал експлозивот на Сипковски. Тој одбива да открие од каде го набавил материјалот и за кого точно бил наменет.

Истрагата во Белград продолжува, а јавноста со неверување ги следи новите детали за случајот што ја потресе и Србија и Македонија.

Escape