ПРВ.мк
Магазин

Познатиот актер призна дека користел дрога

Познатиот актер призна дека користел дрога

Данската премиерка Метe Фредериксен најави дека владата подготвува закон со кој ќе се забрани користењето на социјалните мрежи за деца под 15 години. Оваа драстична мерка, според неа, е неопходна за да се заштитат децата од зависност, анксиозност и губење на вистинското детство.

„Телефоните им го крадат детството. Наместо игра и дружење, децата се заробени во виртуелен свет кој им ја уништува самодовербата“, изјави Фредериксен.

Планирано е платформите како Instagram, TikTok и Snapchat да бидат обврзани со посебни ограничувања и верификација на возраста. Родителите во Данска ја поздравија иницијативата, додека дел од експертите предупредуваат дека спроведувањето ќе биде голем предизвик.

Оваа одлука може да стане пример и за други европски земји кои веќе размислуваат за слични чекори за заштита на младите од негативното влијание на дигиталниот свет.

Escape