ПРВ.мк
Свет

Крај на крвопролевањето? Израел и Хамас пред шокантен договор

Крај на крвопролевањето? Израел и Хамас пред шокантен договор

Во египетскиот град Шарм ел-Шеик се одвиваат преговори што би можеле да го прекинат повеќемесечниот конфликт меѓу Израел и Хамас. Според извори блиски до разговорите, двете страни се на чекор од договор што би можел да биде потпишан во следните 24 до 36 часа – што би значело целосен прекин на огнот и почеток на ослободување на заложниците.

Во преговорите учествуваат претставници од Израел и Хамас, како и медијатори од САД, Катар и Египет. Атмосферата, велат дипломатски извори, е претпазливо оптимистична, а вечерва се очекува и прва заедничка изјава. Сепак, едно прашање и понатаму предизвикува тензии – конечниот список на палестински затвореници кои треба да бидат пуштени на слобода.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги следи преговорите од Белата куќа, изјави дека ситуацијата се движи кон позитивен исход. „Имаме одличен тим таму, и одлични преговарачи од другата страна. Мислам дека ова ќе се случи. Можеби ќе одам таму кон крајот на неделата, и има голема шанса преговорите да успеат,“ рече тој.

Израелски дипломатски извори, пак, тврдат дека владата е „сè поуверена“ дека мировен договор ќе биде постигнат до крајот на неделата – што би значело историски момент по долгите месеци на крвопролевање во Газа.

Светот внимателно гледа кон Египет, каде за првпат по долго време – постои реална можност тишината да ја замени артилериската бука.

Escape