Белград го потресе необичен потег на Министерството за внатрешни работи – пензионирани полицајци се повикуваат назад во служба со понуда за плата од 80.000 динари. Причината? Сè помалку млади Срби се заинтересирани да носат униформа, а недостигот на кадар станал сериозен проблем за безбедносниот систем.
Покрај тоа, активните полицајци добиле наредба да делат флаери за полициската академија, со надеж дека ќе привлечат нови кандидати.
„Ова е преседан – досега не сме виделе ваков потег“, предупреди Драган Жебељан од синдикатот „Слога“, нагласувајќи дека порано постоеле резервни сили, но не и активирање на пензионери за извршни задачи.
Од доаѓањето на Ивица Дачиќ на чело на министерството, неколку пензионирани раководители веќе се вратени во системот, најмногу во секторите за логистика и управување.
Јавноста остро реагира – дел ја поддржуваат мерката како нужност, додека други ја гледаат како знак за длабока кадровска криза во српската полиција.