ПРВ.мк
Балкан

Во станот каде загина Македонец во Белград пронајден 1,5 килограми експлозив

Во станот каде загина Македонец во Белград пронајден 1,5 килограми експлозив

Белград, 8 октомври 2025 – Во станот на улицата Косовска во Белград, каде што на 1 октомври загина 21-годишниот Македонец Мартин Сипковски, српските власти пронашле околу 1,5 килограми експлозивна материја „Пентрит“, пренесуваат белградските медиуми.

Експлозијата се случила околу 21:30 часот во стан кој загинатиот го изнајмил. Според првичните информации од истрагата, се работи за многу моќна експлозивна направа, а Пентритот спаѓа во категоријата на високобрзински експлозиви, што се користат за специјални намени и е строго контролиран материјал.

Белградската полиција и обвинителството работат на утврдување на причините за присуството на експлозивот и околностите под кои дошло до трагичниот инцидент. Не се исклучуваат ниту можни врски со организиран криминал или други нелегални активности.

Истражната постапка е во тек, а повеќе информации се очекуваат по завршување на форензичката анализа и сослушување на потенцијални сведоци.

Escape