ПРВ.мк
Балкан

Белгија планира да испраќа затвореници на Балканот - еве во кој држави!

Белгија планира да испраќа затвореници на Балканот - еве во кој држави!

Белгиската влада сериозно размислува за изнајмување или изградба на затвори во странство – потенцијално во Косово или Албанија – како решение за пренатрупаноста во домашните затвори, објави „Брисел тајмс“.

Министерката за правда и министерката за миграција започнаа тридневна посета на Балканот, каде што се разгледува политичката и логистичката подготвеност за прифаќање на белгиски затвореници, особено странци без регулиран престој. Околу 4.400 од вкупно 13.000 затвореници во Белгија се странци без дозвола за престој, што ја зголемува потребата за алтернативни решенија.

Како модел се разгледува примерот на Данска, која во 2021 година изнајми затворски капацитети во Косово. Но, белгиските власти признаваат дека реализацијата на ваков проект би барала години подготовка и значителни инвестиции.

Во рамки на посетата се очекува и потпишување декларација за соработка во борбата против организираниот криминал, вклучително и за користење на конфискуван имот. Засега, проектот е во фаза на истражување, но предизвикува силен интерес и полемики и во Белгија и на Балканот.

Escape