Во рамки на широка полициска акција, службеници од СВР Куманово ја уапсиле А.А. (43) од Тетово, поради сомнение дека е вмешана во обид за убиство на нејзиниот сопруг, лекарот З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско.
Во истрагата се вклучени уште шест лица кои се повикани на службен разговор, а по судска наредба извршен е претрес и во домот на Б.С. (50) од Куманово.
Главниот осомничен за пукањето, Љ.Ф. (36) од Гостивар, сè уште е во бегство, а полицијата интензивно трага по него. По завршување на истрагата, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.