ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Малолетник со џип без дозвола бегал од полиција, завршил со судир во службено возило!

ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Малолетник со џип без дозвола бегал од полиција, завршил со судир во службено возило!

Седумнаесетгодишник од тетовското село Порој бил лишен од слобода откако со џип се обидел да избега од полициска контрола и при бегството удрил во службено полициско возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во периодот меѓу 03:00 и 04:00 часот на улицата „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, кога полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски таблички кое се движело во спротивен правец.

Според информациите од МВР, возачот не застанал на полициски знак за запирање, туку нагло свртел и со голема брзина продолжил да бега низ повеќе улици во градот, обидувајќи се да ја избегне контролата.

Бегството завршило на паркинг простор на улицата „Илинденска“, каде полициско возило „Шкода Јети“ се обидело да го запре. Во тој момент, малолетникот маневрирал со џипот и удрил во службеното возило.

По извршените проверки било утврдено дека зад воланот се наоѓал 17-годишник кој нема возачка дозвола.

Малолетникот бил задржан, а во целиот случај бил вклучен и родител и адвокат, по што со него бил извршен службен разговор. Возилото е одземено за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против него.

Најнови вести