Во драматичен пресврт по вчерашниот вооружен напад во Куманово, полицијата ја лиши од слобода А.А. (43) од Тетово – сопруга на лекарот З.Ш. (43) од село Слупчане, кој беше мета на обид за убиство.
Според информациите од МВР, постојат сериозни сомневања дека жената е поврзана со нападот. Во истрагата се вклучени уште шест лица кои биле повикани на службен разговор во СВР Куманово, а извршен е и претрес во домот на Б.С. (50) од Куманово.
Главниот осомничен, Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи дека пукал во лекарот, сè уште е во бегство. Полицијата трага по него, а по завршување на истрагата ќе следат соодветни кривични пријави против сите инволвирани.