ПРВ.мк
Македонија

Паника во Скопје – оставен куфер пред ВМРО-ДПМНЕ, евакуација во центарот на градот!

Паника во Скопје – оставен куфер пред ВМРО-ДПМНЕ, евакуација во центарот на градот!

Паника во центарот на главниот град откако на Плоштад ВМРО, пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, бил забележан сомнителен куфер. Веднаш по дојавата, сите околни згради – вклучително и Јавното претпријатие за државни патишта – биле итно евакуирани.

Според првичните информации, две лица биле снимени од надзорните камери како се задржуваат пред објектот, по што едното оставило куфер и се оддалечило.

Екипи на полицијата веднаш го обезбедиле местото и извршиле проверка, по што било утврдено дека куферот е празен. Во моментот, пред зградата има голем број луѓе и полициски екипи кои ја нормализираат ситуацијата.

Од МВР потврдуваат дека безбедносните служби презеле сите потребни мерки, а истрагата за идентитетот на лицата е во тек.

Escape