ПРВ.мк
Свет

Напад врз болница – има загинати, меѓу нив лекар и медицинска сестра!

Напад врз болница – има загинати, меѓу нив лекар и медицинска сестра!

Најмалку 12 цивили загинаа во новиот напад врз болница во Ел Фашир, Судан, меѓу кои и лекар и медицинска сестра, додека најмалку 17 лица се повредени. Нападот го извршиле паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои гранатирале додека болницата била полна со пациенти и медицински персонал.

Ова е втор напад врз здравствена установа во Ел Фашир за помалку од 24 часа; претходно, во воздушен напад врз родилиште, загинале најмалку осум лица. Конфликтот во Судан, кој започна во април 2023 година меѓу редовната армија предводена од генерал Абдел Фатах ал Бурхан и паравоените Сили за брза поддршка предводени од поранешниот заменик генерал Мохамед Хамдан Дагало, досега однесе повеќе од 24.000 животи, а над 13 милиони луѓе се раселени.

Ел Фашир е речиси целосно отсечен од надворешниот свет, а продолжувањето на нападите врз

Escape