ПРВ.мк
Македонија

Македонското небо се гаси! Целосен прекин на летови – контролорите во бунт, следува воздушен хаос!

Македонското небо се гаси! Целосен прекин на летови – контролорите во бунт, следува воздушен хаос!

Македонија се подготвува за невиден воздушен хаос – контролорите на летање најавија генерален штрајк што ќе го парализира целиот авионски сообраќај во земјата. На 20 и 24 октомври, од 10 до 15 часот, македонското небо ќе биде целосно затворено – без полетувања, без слетувања и без прелетувања.

Причината не е технички дефект, туку незадоволство на вработените во М-НАВ, кои преку својот струков синдикат порачуваат: „Доста е од партиски вработувања и празни ветувања!“ Контролорите бараат итно запирање на политичките влијанија во претпријатието, дозвола за нови вработувања и независна анализа за реалните потреби на системот.

„Се работи за безбедност, не за политика“, велат од синдикатот, предупредувајќи дека состојбата е на работ на колапс. Ова е веќе втор обид за штрајк – првиот, закажан во јули, беше одложен поради ветени преговори кои, според нив, останале само на хартија.

Доколку не се најде решение, контролорите најавуваат дека протестите ќе продолжат секој понеделник и четврток – сè додека нивните барања не бидат исполнети. Во спротивно, земјата би можела да остане целосно без авионски сообраќај, а патниците и авиокомпаниите веќе предупредуваат на можни огромни загуби и блокирани летови низ целиот регион.

Escape