Министерот за култура информираше дека по долг период на застој, проектот за реконструкција на Универзална сала конечно влегува во завршна фаза на подготовки.
„Претпоставувам дека многумина ги интересира иднината на Универзална сала. По спроведените испитувања на постоечката конструкција, утврдена е потреба од дополнително статичко појачување, што наложи измена и дополнување на првичниот проект. Врз основа на новите анализи беше изработена целосно нова проектна документација,“ изјави министерот.
Тој најави дека до крајот на месецот ќе биде објавен јавен оглас за избор на изведувач и стручен надзор за реализација на реконструкцијата.
Министерството успешно ги отстранило сите административни пречки и правни недостатоци, со што се создадени услови за започнување на градежните работи.
„Очекувам реконструкцијата да започне веќе во текот на септември,“ заклучи министерот.
ВИДЕО