Екипите на Ј.П. „Комуналец“ од Кавадарци денеска спроведоа интензивни активности за уредување и мулчирање на зеленилото на патниот правец Марена–Сопот. Со овие активности беше опфатена и улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ во градот, со цел да се подобри уреденоста и прегледноста на сообраќајниците.

Активностите за средување на јавните површини нема да застанат тука и продолжуваат веќе од утрешниот ден.
„Утре се продолжува со активности за мулчирање во координација со 'Мој Општинар'“, информираат од претпријатието.

Преку ваквите редовни акции, Општина Кавадарци и комуналните служби продолжуваат со координираната грижа за јавната хигиена и уредувањето на патната инфраструктура во општината и околните населени места.







