ПРВ.мк
Балкан

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Разбиена мрежа за злоупотреба на европски земјоделски субвенции, уапсени 16 лица!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Разбиена мрежа за злоупотреба на европски земјоделски субвенции, уапсени 16 лица!

Грчките власти спроведуваат обемна истрага и полициска акција насочена кон криминална група осомничена за незаконско добивање средства од европските земјоделски фондови. Акцијата, која е во тек, веќе резултираше со повеќе апсења и откривање на сериозни неправилности.

Според првичните информации од истражните органи, вчера биле уапсени 20 лица на различни локации на Крит, меѓу кои и сметководители и лица кои работеле во центри за поднесување земјоделски пријави. Денеска операцијата е проширена, а бројот на уапсени се искачил на 16 лица поврзани со истата истрага.

Истражителите наведуваат дека станува збор за организирана шема преку која со поднесување лажни пријави биле извлекувани европски субвенции наменети за земјоделците. Првичните проценки покажуваат дека финансиската штета од оваа активност надминува три милиони евра.

Осомничените, според информациите, користеле документи со неточни податоци за да се стекнат со право на исплата на средства од европските земјоделски фондови, со што директно го оштетиле системот за распределба на субвенции.

Одделот за организиран криминал во Солун ја води истрагата, а полициските служби продолжуваат со проверки и идентификација на сите можни учесници во мрежата.

Очекувањата се дека во наредниот период ќе следуваат нови апсења и дополнителни детали за начинот на кој функционирала оваа шема на злоупотреби.