ПРВ.мк
Македонија

НОВ ИЗГЛЕД НА БУЛЕВАРОТ „ВЕЉКО ВЛАХОВИЌ“: Комплетно заврши обележувањето на хоризонталната сигнализација во Кавадарци

НОВ ИЗГЛЕД НА БУЛЕВАРОТ „ВЕЉКО ВЛАХОВИЌ“: Комплетно заврши обележувањето на хоризонталната сигнализација во Кавадарци

Општина Кавадарци успешно го заокружи проектот за уредување на сообраќајната инфраструктура на новопробиената улица каде што се спојуваат Булевар „Вељко Влаховиќ“ и Западниот Булевар, со што целосно е завршено обележувањето на хоризонталната сигнализација.

Овој инфраструктурен проект опфаќа вкупна површина од 4.900 метри квадратни, со што значително ќе се подобри протокот на сообраќајот и безбедноста на сите учесници во овој дел од градот.

Детали за инвестицијата: Реализацијата на овој значаен проект е поддржана како заедничка инвестиција меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Кавадарци, која за оваа намена одвои 6 милиони денари.

Со завршувањето на овие активности, новопробиената сообраќајница е целосно подготвена и безбедна за секојдневно користење од страна на граѓаните.