ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО ЗАГРЕБ: Маж скокал врз автомобили на раскрсница, полицијата реагирала со сила!

(ВИДЕО) ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО ЗАГРЕБ: Маж скокал врз автомобили на раскрсница, полицијата реагирала со сила!

Инцидент кој предизвика вознемиреност кај граѓаните се случил денеска во Загреб, кога маж на прометна градска раскрсница почнал да се качува и да скока врз автомобили кои чекале на семафор.

Настанот се случил на раскрсницата на Авенија Вечеслав Хољевац со улиците Дамир Томљановиќ и Радослав Цимерман, во близина на Бундек. Очевидци велат дека мажот се однесувал невообичаено, движејќи се по возилата и удирајќи по нив, при што предизвикал штета и паника меѓу возачите.

Видео-снимка објавена од медиумот „Индекс.хр“ покажува како лицето се качува на автомобил, гестикулира и потоа скока од возилото на коловозот, додека сообраќајот е во прекин и возачите се обидуваат да се извлечат од ситуацијата.

Полицијата брзо реагирала по дојави од граѓани околу 12:15 часот, кога биле известени дека лице оштетува возила на раскрсницата. Полицајците пристигнале на местото и го совладале мажот со употреба на присилни средства.

Според соопштението од загрепската полиција, на лице место интервенирала и итната медицинска помош, која го прегледала мажот, по што тој бил пренесен во соодветна здравствена установа за понатамошен третман и проценка.

Истрагата за причините за ваквото однесување е во тек, а се утврдува и точната материјална штета што ја претрпеле сопствениците на оштетените возила.

ВИДЕО

Најнови вести