Службеници на Секторот за гранична полиција на Црна Гора го лишиле од слобода Огњен Рашета (45), државјанин на Босна и Херцеговина, за кого била распишана меѓународна потерница.
Рашета бил уапсен на аеродромот „Подгорица“ во Голубовци, на излезот од Црна Гора, откако полициските службеници извршиле контрола на неговите патни исправи.
Огњен Рашета се бара по наредба на Основниот суд во Подгорица, со цел издржување казна затвор во траење од шест месеци, на која е осуден за кривично дело тешка кражба.
По апсењето на аеродромот, тој во законски предвидениот рок е спроведен до просториите на Основниот суд во Подгорица за понатамошна постапка.








