ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА КАЈ КОЧАНИ: Мотоциклист загина по судир со товарно возило!

ТРАГЕДИЈА КАЈ КОЧАНИ: Мотоциклист загина по судир со товарно возило!

Тешка сообраќајна несреќа го потресе патот Штип–Делчево, во која животот го загуби 42-годишен мотоциклист од Кочани.

Според информациите од СВР Штип, несреќата се случила на 25 мај во вечерните часови, во близина на местото викано „Компосара“, кога дошло до судир помеѓу товарно возило со винички регистарски ознаки и мопед без регистарски таблички.

Товарното возило го управувал 48-годишен возач од Виница, додека мопедот бил управуван од 42-годишен жител на Кочани.

Од силината на ударот, мотоциклистот се здобил со тешки повреди. Иако итно бил пренесуван кон болницата во Кочани, лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт по пат.

Од полицијата информираат дека на местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, со цел да се утврдат точните околности под кои дошло до трагичниот судир.

Истрагата за причините на несреќата продолжува.

Најнови вести