ПРВ.мк
Македонија

ОДЛУКА ШТО ГО РАЗГНЕВИ НАРОДОТ: Наместо затвор за убиството на кучето Феликс, апелација му изрече парична казна!

ОДЛУКА ШТО ГО РАЗГНЕВИ НАРОДОТ: Наместо затвор за убиството на кучето Феликс, апелација му изрече парична казна!

Апелацискиот суд во Скопје донесе одлука со која ја преиначи затворската казна за Љубе Крстевски, осуден во случајот со убиството на кучето Феликс, и наместо три месеци затвор му изрече парична казна во висина од околу 1.800 евра.

Според пресудата донесена во февруари годинава, Крстевски ќе треба да плати 90 дневни глоби од по 20 евра, односно вкупно 110.700 денари.

Случајот предизвика огромно внимание во јавноста уште од самиот почеток, бидејќи првичната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје беше прва затворска казна во Македонија за кривично дело поврзано со мачење и убивање животно.

Во текот на жалбената постапка, одбраната на осудениот тврдеше дека кучето било агресивно и дека без обдукција не може целосно да се утврди причинско-последичната врска со смртта на Феликс.

Сепак, Апелацискиот суд не ги прифатил овие аргументи. Во образложението се наведува дека кучето не било евидентирано како опасно, а повредите што ги добило биле сериозни и животозагрозувачки.

Според судските наводи, Феликс бил пронајден во тешка состојба, со потрес на мозокот, хематоми, исеченици и крвавење, а извештајот од „Лајка“ потврдил дека кучето починало како последица на повредите.

Судот утврдил и дека второобвинетиот Бранко Билбиловски бил свесен дека кучето сè уште било живо додека двајцата го врзувале со жица и го влечеле кон контејнер.

И покрај тоа, Апелација оценила дека кај Крстевски постојат олеснителни околности, меѓу кои неговата здравствена и семејна состојба, па затоа наместо затворска казна му била изречена парична санкција.

Одлуката повторно предизвика силни реакции кај граѓаните и здруженијата за заштита на животни, кои и претходно организираа протести под мотото „Феликс не беше само куче, туку беше живот“.

Илјадници луѓе тогаш потпишаа петиција со барање за построги казни за насилство врз животни и воведување посериозни системски мерки за нивна заштита.

Најнови вести