ПРВ.мк
Македонија

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Насилници на мотор влечеле 12-годишно дете по улица, случајот ја вознемири јавноста!

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Насилници на мотор влечеле 12-годишно дете по улица, случајот ја вознемири јавноста!

Сериозен и вознемирувачки инцидент се случил вчера попладне во скопската населба Драчево, каде 12-годишно дете било повредено откако, според пријавата, било влечено по улица од лица кои се движеле со мотор.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 14:00 часот од страна на 71-годишен жител на Скопје, дедо на повреденото дете.

Во пријавата се наведува дека малолетникот се движел по улица во Драчево кога му се приближил мотор управуван од едно лице. На моторот имало и сопатник – 18-годишник од Скопје, кого детето го познавало од претходно.

Според пријавеното, во еден момент сопатникот го фатил детето за рака, додека моторот продолжил да се движи. Поради тоа, малолетникот паднал на улицата и бил влечен по коловозот, при што се здобил со повреди.

Инцидентот предизвика шок и револт кај жителите на населбата, особено поради возраста на детето и начинот на кој се случил настанот.

Од полицијата информираат дека веќе се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Најнови вести