ПРВ.мк
Култура

МАГИЧНА ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Публиката остана без здив од раскошот и изведбите!

МАГИЧНА ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Публиката остана без здив од раскошот и изведбите!

Со силни емоции, долги овации и спектакуларна атмосфера започна 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, кој уште на отворањето ја воодушеви публиката во Националната опера и балет.

Годинашниот старт беше посебен бидејќи за првпат во Македонија беа изведени двете оперски дела на Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“. Публиката уживаше во врвни музички интерпретации, драматични сцени и визуелен раскош што ја претвори вечерта во вистински спектакл.

Фестивалскиот оган свечено го запали светски познатата македонска оперска дива Ана Дурловски, а присутните ја наградија со силен аплауз.

Особено внимание привлекоа настапите на италијанските уметници Валентина Бои и Роберто де Кандија, како и изведбите на Ана Дурловски и останатите домашни и странски солисти.

Под диригентство на Џанлука Мартиненги, оркестарот и хорот на МОБ приредија моќна музичка вечер, додека сценографијата, костимите и режијата дополнително ја збогатија атмосферата.

Фестивалот продолжува и во наредните денови со познати оперски и балетски дела меѓу кои „Риголето“, „Тоска“, „Травијата“, „Набуко“ и „Лебедово езеро“.