ПРВ.мк
Спорт

Роналдо го прескокна погребот на Жота – не сакал да го засени со своето присуство

Роналдо го прескокна погребот на Жота – не сакал да го засени со своето присуство
Escape

Кристијано Роналдо, најголемата ѕвезда на португалскиот фудбал, не се појави на погребот на трагично починатите Диого Жота и Андре Силва, што предизвика бројни реакции во јавноста.

Според извори од португалските медиуми, Роналдо намерно избегнал да присуствува, и тоа не од негрижа, туку од почит и воздржаност. Тој сметал дека неговото присуство би можело да ја засени интимната и тажна атмосфера на церемонијата во Гондомар, каде се собраа семејствата, блиските и фудбалските пријатели на Жота.

Како што пренесуваат медиумите, Роналдо верувал дека вниманието на јавноста и медиумите би се пренасочило кон него, со што би се одвлекло фокусот од самата загуба и болката што ја чувствува целата земја и фудбалската заедница.

И покрај отсуството, Роналдо упатил лична порака на сочувство до семејството на Жота, а извори блиски до него тврдат дека бил длабоко потресен од трагичната вест.

„Тој ја избра тишината како знак на најголема почит,“ коментира еден од неговите соработници за португалските медиуми.

Mia Home Mavrovo