Штипската фудбалска гордост, клубот Брегалница, од денеска доби нови сопственици – турскиот спортски гигант Фенербахче официјално ја купува штипската екипа која игра во втората лига. Според информациите од М Нет, турскиот инвеститор веќе презема контрола врз клубот, додека општината во Штип ќе задржи 15% од акциите.
Вредноста на купопродажбата изнесува 300.000 евра, од кои половина (150.000 евра) ќе му припаднат на општина Штип, а останатите 150.000 евра на претходниот сопственик Кирил Гогов.
Според договорот, новите инвеститори имаат обврска клубот да се натпреварува најмалку во Првата или Втората лига. Доколку Брегалница испадне во Третата лига или понизок ранг, општина Штип автоматски ја враќа контролата врз клубот и ги презема акциите назад.
Оваа инвестиција ја отвора новата ера за Брегалница со силна поддршка од еден од најголемите турски спортски клубови, што ветува подобри резултати и развој на штипскиот фудбал.