ПРВ.мк
Свет

Невреме во Турција: Авион принудно слета по удар од гром и безбедно слезе на аеродром

Невреме во Турција: Авион принудно слета по удар од гром и безбедно слезе на аеродром
Kristal

Авион што леташе од Анкара кон Бингол во Турција беше принуден да изврши итно слетување на аеродромот во Елазиг, откако гром го погоди во опашниот дел, јавија турските медиуми.

Пилотот веднаш реагираше на ударот и го смени курсот поради безбедносни причини, избирајќи да слета на најблискиот аеродром во Елазиг. Слетувањето помина без никакви проблеми, а патниците беа безбедно пренесени од аеродромот до Бингол по копнен пат.

Овој инцидент го потврди и локалниот медиум Хабер, кој истакна дека и покрај ударот од гром, авионот продолжи да функционира нормално, а ситуацијата беше целосно под контрола на пилотската екипа.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo