ПРВ.мк
Свет

НИЗА ЗЕМЈОТРЕСИ: Земјата силно се тресеше - најсилниот со јачина од 5,0 степени според Рихтер!

НИЗА ЗЕМЈОТРЕСИ: Земјата силно се тресеше - најсилниот со јачина од 5,0 степени според Рихтер!

Филипините денеска беа погодени од низа земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на длабочина од 10 километри, на отворено море, на оддалеченост од 135 километри од градот Дагупан.

Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета. Исто така, не е издадено предупредување за опасност од цунами.