ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ДЕМОНСТРАНТИТЕ БЕСНИ УДРИЈА ПО ТРАМП: Му довикуваа „педофил“ на митинг!

(ВИДЕО) ДЕМОНСТРАНТИТЕ БЕСНИ УДРИЈА ПО ТРАМП: Му довикуваа „педофил“ на митинг!

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија бил накратко прекинат по инцидент кога демонстрант почнал гласно да извикува навреди кон него, по што обезбедувањето веднаш интервенирало и го отстранило од местото на настанот.

Настанот се случил во фабриката за камиони „Мек Тракс“ во местото Маканџи, каде Трамп држел обраќање пред присутната публика. Според извештаите на новинарите што го следеле митингот, пред објектот имало неколку демонстранти, меѓу кои и лице кое носело транспарент со натпис „Поспаниот Дон“.

За време на говорот, еден од присутните во салата започнал да извикува навреди, вклучително и погрдни зборови упатени кон Трамп, со што накратко го прекинал настанот. Обезбедувањето реагирало брзо, го опколило демонстрантот и го изнело надвор од салата.

Снимките кои подоцна се појавиле на социјалните мрежи покажуваат дека додека бил изнесуван, демонстрантот продолжил со извикување навреди и во еден момент им упатил средни прсти на присутните и обезбедувањето.

Инцидентот бил забележан од повеќе новинари кои биле присутни на настанот, а на фотографиите и видеата се гледа како службите за безбедност го отстрануваат лицето од просторијата.

И покрај краткиот прекин, митингот продолжил без поголеми доцнења, а Трамп го продолжил своето обраќање пред собраните поддржувачи.

ВИДЕО

Најнови вести