Групата “Паркети”, позната битолска панк-рок банда, објави нова песна и видео спот насловени “Љубичица”. Песната има заразна рокенрол мелодија што сигурно ќе ви се допадне.
Музиката и текстот ги напиша Симс Себастијан – ПАРКЕТ, а аранжманот го направија заедно Сашо Паркет и Симс Паркет.
Видеото е снимено за само еден час во житните полиња околу РЕК Битола и Мариово, како што вели Сашо Паркет.
Погледнете и слушнете ја песната “Љубичица” во продолжение.