Вториот блок на РЕК Битола од попладнево, точно во 18:18 часот, е повторно вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи со јавност на комбинатот.
По повеќедневни напори за санација на електро ормарот за управување на Блок 2, кој беше оштетен во пожарот на 18 јуни, овој блок сега е ставен повторно во функција и синхронизиран со мрежата.
Министерството за внатрешни работи ја истражува сомнежната саботажа поврзана со пожарот во РЕК Битола, а резултатите од истрагата се очекуваат наскоро.