ПРВ.мк
Црна Хроника

НА ИНФЛУЕНСЕРКА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА: Обвинета е дека до смрт избодела маж, семејството тврди дека дејствувала во самоодбрана!

НА ИНФЛУЕНСЕРКА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА: Обвинета е дека до смрт избодела маж, семејството тврди дека дејствувала во самоодбрана!

Британската инфлуенсерка Брук Џорџ (23) од Грејвсенд во Кент е обвинета за убиство на 26-годишен Британец и во Дубаи се соочува со можна смртна казна доколку биде прогласена за виновна, пренесоа денеска британските медиуми.

Како што пренесува „Сан“, инцидентот се случил по судир меѓу нив двајцата, кои претходно развиле врска преку интернет и заедно отпатувале во Обединетите Арапски Емирати.

Обвинувањата укажуваат на тоа дека мажот, идентификуван како Бил Триби (26), бил смртно избоден со нож, додека осомничената тврди дека претходно била изложена на физичко насилство и дека дејствувала во самоодбрана.

Уапсена на аеродромот

Според изјавите на нејзиното семејство, таа по судирот се обидела да ја напушти земјата, но била уапсена на аеродромот во Дубаи и притворена во затворот „Бур Дубаи“.

Нејзиното семејство и организацијата „Затворени во Дубаи“ (Detained in Dubai) тврдат социјалните служби и органите на прогонот направиле низа неправилности во постапувањето за време на притворот, вклучувајќи го и недостатокот на правна помош како и јазичните бариери.

„Адвокатот на семејството и активистите наведуваат дека Џорџ наводно имала видливи повреди во моментот на апсењето и дека и претходно пријавувала насилство. Тие ги повикуваат властите да го третираат случајот како потенцијален пример за самоодбрана и да спроведат детална истрага за сите околности“, пишуваат медиумите.

Случајот и понатаму е во фаза на истрага, а конечната одлука на судот сè уште не е донесена.

Најнови вести