ПРВ.мк
Балкан

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА: Полицијата упадна во три града, уапсен припадник на полициската управа!

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА: Полицијата упадна во три града, уапсен припадник на полициската управа!

Во Црна Гора во тек е апсење на повеќе лица осомничени за создавање криминална организација и шверц, соопшти денеска Специјалното државно обвинителство (СДТ).

Во соопштението се наведува дека апсењата се спроведуваат по налог на СДТ, а меѓу осомничените има и припадник на Полициската управа, пренесе RTCG.

Се истакнува дека Специјалното полициско одделение извршува итни доказни дејствија и апсења во три града:

  • Подгорица
  • Тиват
  • Цетиње

„Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, по завршувањето на доказните дејствија кои се преземаат и по сослушувањето на лицата лишени од слобода како осомничени, ќе ја информира јавноста за резултатите и за одлуката за понатамошниот тек на постапката“, се наведува во соопштението.

Најнови вести